Таткото на загинатата босанска пејачка: Ќерка ми се самоуби – тоа не беше сообраќајка


Веста за смртта на маладата босанска пејачка 21-годишната Амила Хасановиќ ги шокираше сите. Иако причините за сообраќајната незгода во која загина младата Амила се уште се испитуваат, нејзиниот татко тврди дека не станува збор за сообраќајка, туку дека неговарта ќерка извршила самоубиство.

Како што пренесува српски Телеграф, Алија Хасановиќ, таткото на трагично загинатата пејачка Амила, е убеден дека таа се самоубила по расправија со нејзиното момче Елман Омиќ.bosanska-pevacica

– Амила и Елман се запознаа за време на снимањето на емисијата „И ти можеш да биде ѕвезда“, го прифатив како свое дете, рекол Алија за Телеграф.рс.

Тој додал дека во понеделникот кога загина неговата ќерка, Елман го побарал на телефон и целиот во паника му рекол дека Амила сака да се самоубие.

– Ми рече Аљо Амила сака да се убие, потоа дојде кај нас дома целиот во солзи и ми велеше дека ја сака, споменуваше и некакви фотографии. Ми рече дека Амила по телефон му рекла дека ќе се самоубие и дека ја оставила слушалката отворена за тој да може се да слушне. Околу 13:30 часот дознавме дека нејзиното возило слетало во водите на Босна, изјавил несреќниот татко.

Трагите од гуми кои биле видливи, како што нагласил тој, не се од кочење туку од давање гас, што е доказ дека Амила се самоубила.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1