Тато немој „па па“ – а тато мора „па па – трогателно писмо на татко на болно детенце


Пред само 2 години еден татко ја крена цела Хрватска на нозе за своето болно детенце. Имено Јуре Kарамарко тогаш упатил апел до министерот за здравство да прати лекари во болницата Ребро бидеќи никој не сакал на неработен ден да донесе одлука за операција на неговото синче која била итна.

PISMOГо држам својот син во рацете а чекајќи го вашиот лекар, вашиот систем и вашиот прв работен ден прашање е дали ќе можам да го држам повторно “, напиша тој тогаш – денес 2 години подоцна тој напиша уште едно писмо. Овој пат упатено до неговиот син. Писмото го растажи цел Балкан.

Борецу мој – денес ти е именден. Тато, повторно не е дома. Знаеш, Тато се разбуди многу рано, и ќе е на нога до доцна во ноќта. Во тоа време ти трчкаш околу куќата, полнип пелени, си играш. Мајка ти вели дека многу пати во денот го споменуваш тато. Именденот ти поминува без татко, бидејќи јас ќе работам 20 часа на моите нозе, 27 километри далеку од вас. Јас работам по цел ден на 3 страни срце татино, куна по куна ќе вратам некако се – само за тебе мој борецу.

Знам борец, тоа е само именден, и многу не го слават, но јас го пропуштив, а за нас би требало да биде голем ден, нашиот ден. Знам и првите чекори се само првите чекори, првите зборови и само првите зборови, првиот пад, прво фрлање камчиња во морето,  доаѓање  во дневната соба со цуцла и многу други работи. пропуштив многу. Премногу.
Ова не значи дека тато те сака помалку, Ти  знаеш мој борецу,  засекот во градите, срценцето на тато го сечеа 2 пати, добри луѓе те оперираа – оние чичковци во бели мантили што не ги сакаш. Тато ја крена болницата и Хрватска на нозе за ти да живееш. Многу твои другарчиња што беа со тебе во собата во болницата во Минхен не издржаа – заминаа на небото. Но ти си денес тука борецу мој.Борец, татко ти ослабе 24 килограми, секоја батеријата се оразни а и на  тато е речиси завршена. И мојот борец сега се бори тато повторно, по речиси две години на дното сум и  физички, ментално но морам уште, без оглед на отворени рани на нозете, без разлика што ми се тресат рацете од умор, тато мора. мора да се врати кредитот, заемите од добрите луѓе, но ќе дојде и тој ден – сега нема кој но уште малку тато да заработи, да врати се па ќе дојде ден кога Тато ќе биде со вас.Ќе даде бог па тато иако прошушти многу ќе биде таму барем за првата топка во кошот, пливање, велосипед. Ме боли срцето кога наутро на вратата ќе ми кажеш “Тато, не Папа”  а тато мора па па сине.

Да, мој борец, никој нема да дојде со торба  пари и да каже, еве, се ослободи од сè и  бидете среќни. Но ќд бидеме среќни и тато се колне, ние ќе бидеме повторно заедно, 24 часа на ден, Јас ти и мајка ти.

мора да се вратам на работа сине за вас, за нас … среќен именден сине

Твој тато.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1