Тажен крај за националната миленичка – Курдската Анџелина Џоли загинала во битка со џихадистите


Курдските сили ги погодила веста дека националната миленичка и симболот на курдската елитна женска единица загинала во битка со радикалните екстремисти од ИД. Асија Рамазан Антар, позната како “курдската Анџелина Џоли” загинала во крвава битка кај турската граница борејќи се против терористите од Исламска Држава.kurdi

Оваа 20 годишна убавица учествувала во бројни битки и така стекнала статус на неприкосновена хероина. Родена е 1996 година, а на курдските воени сили им се придружила на свои 18 години.

Потврда дека загинала стигнала и на фејбук страницата “Слобода за Курдистан” каде било наведено дека таа настрадала во борбите против милитантите на ИД.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1