Тажна исповед: Како да и кажам на ќерка ми дека татко и сакаше да ја убие


Британката Лорен била гостинка во една тамошна  емисија  ја раскажала својата тажна приказна за тоа како ќе го изгубела бебето кога поранешното момче ја нападнал со нож.

26-годишната Лорен од Белтон била нападната на прагот од својот стан кога поранешното момче, инаку борец во ринг, ја избодел со нож затоа што не сакал да имаат дете.253608

„Почувствував удар во главата и убод во стомакот. Не сфаќав што ми се случува. Го молев да престане и викав ’Немој да нè убиеш’. Ме погледна и повторно ме забоде“.

Трагичниот инцидент се случил кога Лорен ја прекинала двегодишната врска со Лининг, откако открила дека се гледа со друга жена. Веднаш после раскинувањето дознала дека е во блажена состојба, а тој сакал да абортира, затоа што веќе имал дете од претходната врска.

„Не беше среќен кога слушна, не сакаше уште едно дете, бараше да абортирам. Беше бесен затоа што не го послушав“, раскажала таа.

Не го видела со недели сè додека не се појавил на нејзиниот праг кога била во 33 недела од бременоста. Откако брутално ја нападнал, побегнал и ја оставил да моли за помош. Таа успеала да се одвлечка до улицата, каде што забележала пријател кој ѝ трчал во помош и повикал брза помош.

Лорен во болницата морала предвремено да се породи со царски рез, а бебето го преживеало нападот само затоа што во тој момент се наоѓало во посебна положба.

„Се сеќавам дека лежев таму и не можев да верувам што се случи. Не изгледаше реално. Само сакав да знам дали бебето ќе биде добро“.

Сепак, таа вели дека не е сигурна дали некогаш ќе може да ѝ ја каже вистината на својата ќерка за нејзиниот татко.

„Не знам како ќе ѝ кажам, веројатно ќе слушне пред да ѝ раскажам. Едноставно, не знам како да му соопштам на моето дете дека татко ѝ се обидуваше да ја убие“, вели таа.

Лининг после нападот бил уапсен и многу брзо осуден на 19 години поради обид за убиство на мајка и дете.

„Ако ништо друго, ме теши тоа што кога ќе излезе надвор, мојата ќерка ќе биде возрасна девојка, а не ранливо дете“, заклучила оваа млада мајка.

Извор: Точка

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1