ТАЖНА ВЕСТ: Почина познатата пијанистка Елена Мисиркова – правнука на Крсте Петков Мисирков


Почина познатата пијанистка со светска кариера Елена Мисиркова-Лоза, правнука на Крсте Петков Мисирков.

Мисиркова беше интернационално реномирана македонска пијанистка, која е родена во Скопје. Средното музичко образование по пијано го завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Дипломира и завршува постдипломски студии по пијано на Државната музичка академија „Гнесини“ во Москва, Русија.

Од 1989 до 1994 година специјализира на Виенскиот конзерваториум во Виена кај професорот Леонид Брумберг (види табела НИ, точки 11 и 22). За време на студиите е носител на стипендија за талентирани млади уметници на Р. Македонија/Федерална влада на Југославија, стипендија за постдипломци на Р. Македонија, стипендија на Министерството за образование на СССР и стипендија на СССР за постдипломски студии по препорака на Дипломската комисија.

Од 1987 до 1989 година, Мисиркова е професор по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Од 1997 до 2002 година, работи како асистент по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Од 1992 до 1994 година, таа е професор по пијано во Виенска приватна школа.

Носител е на награда за исклучителни уметници на Фондацијата „Хуго Брајтнер“, две први награди на републичките натпревари на пијанисти во Скопје и трета награда на Сојузниот натпревар во Белград, Југославија (види табела НИ, точка 21).

Мисиркова е еден од организаторите на Денови на македонската култура во Австрија во 2001, 2010 и 2014 година, како и на изложбата на австрискиот југендстил-мозаичар и автор Леополд Форстнер во Охрид и во Скопје (види табела НИ, точка 19).

Таа е музички советник при МОБ од 1999 до 2001 година. Во 1989 година е пијано асистент на виолинската
мајсторска школа на проф. Е. Чугаева, а во 2000 година е асистент на семинарот за чембало на проф. М. Хамбицер во Келн, Германија.

Мисиркова беше член на граѓанска иницијатива „За заедничка Македонија“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1