Течноста за испирање на уста опасна по здравјето


Користење на течност за испирање на устата значи катастрофа за здравјето тврдат научници кои откриле дека течноста ги убива добрите бактерии во устата, а со тоа се зголемува ризикот од мозочен и срцев удар. Течноста ги убива добрите бактерии кои им помагаат на крвните садови да се опуштат, а со тоа се зголемува крвниот притисок.

Професорката Амрита Алувалија кој ја предводела студијата ја осудила широката употреба на антисептиците за испирање на устата.

2tecnost-za-usta„Секојдневното убивање на овие бактерии значи катастрофа, бидејќи и помалиот пораст на крвниот притисок има ефект врз стапката на смртност од срцеви заболувања и мозочен удар. Повеќе од половина од Британците редовно користат средства за испирање на устата. Студијата го споредувала крвниот притисок кај 19 здрави доброволци кои започнале со користење на течноста двапати на ден. Нивниот крвен притисок се зголемил од 2 на 3,5 единици. Со зголемување на притисок за две единици се зголемува и ризикот од срцеви заболувања за седум отсто, а за 10 отсто кај мозочните удари.

„Не велиме луѓето да не користат течност за испирање ако имаат инфекција, но се прашуваме зошто течноста би ја користеле луѓе кои немаат никакви инфекции ниту проблеми“, вели професорката.

Течноста „Корсодил“ содржи 0,2 проценти хлорхексидин и таа ги убива микроорганизмите кои се потребни за да се создаде нитрит, неопходен за проширување на крвните садови. Иако сите течности не содржат хлорхексидин, професорката предупредува дека тие можат значитечно да ги нарушат здравите бактерии.

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1