Тексас останува дел од САД – Белата куќа ја отфрли петицијата на 125.000 Тексашани


 Тексас останува сојузна држава на Соединетите американски држави, пренесоа американските медиуми.

teksasБелата куќа одговори на петицијата, со која се бара Тексас да се отцепи од САД, со аргументот дека Татковците основачи на САД „не го предвидиле правото за напуштање“ на државата.

Повеќе од 125.000 лица ја потпишаа петицијата, иницирана по само неколку дена откако Барак Обама го доби својот втор претседателски мандат.

Белата куќа вети дека за 30 дена ќе одговари на секоја петиција, под која стојат повеќе од 25.000 потписи.

Џон Карсон, директор на Службата за поддршка на врските со граѓаните, го кажа одговорот на петицијата, во кој се цитира говорот на Абрахам Линколн при неговото првото стапување на должноста претседател на САД и ставот на Врховниот суд по Граѓанската војна. Во него се наведува дека Америка е создадена како „постојан сојуз“, но кој им дозволува на луѓето со различни погледи да разгледуваат различни прашања.

-Демократијата може да е гласна и противречна, рече Карсон. „Нашата земја функционира благодарение на слободните и отворени дебати. . . Но, колку и да ја цениме здравата дебата, нема да дозволиме таа да не распарчи“.

Карсон посочи, исто така, дека составувачите на американскиот Устав верувале дека политиката треба да се менува преку избори, а не преку отцепување.

Иницијаторите на петицијата за одделување на Тексас ја објаснуваат својата желба со економските тешкотии, што приизлегуваат од тоа што федералната влада не сака да го реформира системот за внатрешни трошоци и помош за странство. Бидејќи Тексас е голема држава со балансиран буџет, тој практично има можност да излезе од сојузот, наведуваат тие.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1