Тексашки масакр: Вооружен маж убил 26 лица во црква


Нов масакр, ги потресе САД. Најмалку 26 лица се убиени, а 20-ина се ранети откако млад маж во полна борбена опрема упадна во баптистичка црква во Тексас и со пушка отвори оган врз верниците.

Меѓу загинатите има и деца и бремена жена. Според американските медиумите, убиените се на возраст од пет до 70 години. Не се познати мотивите на напаѓачот, кој е пронајден мртов во своето возило недалеку од црквата и не се знае дали бил застрелан од полицијата или се самоубил.

Медиумите го идентификуваа како Девин Кели, 26-годишник кој живеел 50-ина километри од гратчето Сатерленд Спрингс, каде што го изврши масакрот.
Ова е најсмртоносното масовно пукање во историјата на Тексас и се случува еден месец, откако Американец уби 60 луѓе на концерт во Лас Вегас.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1