Тело на безживотно дете вчера беше извлечено од реката Вардар, веднаш наспроти објектот на Министерството за надворешни работи, јави Телма.
Просторот околу мртвото тело, кое се наоѓа до една од галиите беше обколено со службеници кои на терен вршеа увид на местото на несреќата, а веднаш набрзо пристигна и брзата помош. На новинарските екипи им беше забрането снимање.
Глетката предизвика вознемиреност кај случајните минувачи, пренесе Телма.