Хорор во Скопје, тело на мртва жена три дена се распаѓало среде улица во центарот на градот. Како што јавува Нова, кај Скопскиот Саем била пронајдена 35-годишната Весна Станковиќ. Телото на глувонемата жена веќе било во фаза на распаѓање, а топлото време правело уште поголеми проблеми, особено поради смрдеата која се ширела.

ФОТО: Н.Батев – Вечер
Овој хорор се случувал под мостот кој од МРТВ води кон населбата Аеродром, на фреквентно место каде што постојано поминуваат луѓе и возила.
Со оглед на тоа дека жената е српски државјанин, потребна била процедура за погребување.
Според последните информации, телото е веќе во Бутел.










