Метеоролозите најавуваат вистински температурен шок од февруари. Обилни снежни врнежи и ниски температури се очекува да го зафатат Балканот кон крајот на овој месец ида се задржат се до март, јавува Сител.
Метеорологот Небојша Субановиќ од хрватскиот Метео-инфо вели дека моментално натпросечното топло време е последица на делувањето на простран циклон.
„Во такви околности, нашите краеви и поголемиот дел од Европа е под влијание на топла воздушна маса од Медитеранот и Африка. Поради тоа, времето е потопло од обично“ – вели Субановиќ и додава дека е тешко да се прогнозира кога ќе ја почувствуаме вистинската зима.
Сепак, тој додава дека нагло опаѓање на температурите може да се очекува кон крајот на јануари, проследени со обилни врнежи од снег, а таквото време би можело да се задржи до март.
Експертите коментираат дека таквите температурни шокови лошо ќе се одразат на земјоделските посеви и овошките.
Среќна околност е што во моментов на планините на Балканот речиси и да нема снег, што значително го намалува ризикот од поплави на пролет.
Среќна околност е што во моментов на планините на Балканот речиси и да нема снег, што значително го намалува ризикот од поплави на пролет.
Сепак, евентуални интензвини снежни врнежи во февруари можат да придонесат за зголемување на водостоите и враќање на ризиците од поплави.