Температурен шок: За седум дена дури 25 степени разлика!


Српските метеоролози прогнозираат дека по студеното време, температурата на воздухот за време на претстојниот викенд ќе се искачи и до 15 степени Целзиусови.

temperatura vremeИзминатиот викенд во Војводина и во Белград дуваше кошава со 100 километри на час, а брзината на ветерот во следните денови нема да биде над пет километри на час.

Според прогнозата во Србија темературната разлика ќе биде од речиси 25 степени во однос на пред една недела. Зголемувањето на температурата се очекува од утре.

– Разликата во однос на минатиот викенд е навистина голема, но не и невообичаена за февруари. Сепак температурите за викендот ќе бидат од два до четири степени повисоки од просекот. Во текот на февруари ќе има вкупно десетина дождливи денови, а на места и снег, но топлото време од претстојниот викенд не би требало да  се повтори, изјави метеорологот Часлав Станојевиќ.

Големите темературни разлики лошо ќе влијаат на хрончните болни, а можат да доведат и до развој на вирусни инфекции.

– Промената на времето најмногу ќе влијае на оние кои имаат проблеми со централната и мозочната циркулација, но не и на оние со психијатриски проблеми. Но, времето ќе влијае и на луѓето со висок притисок, посочи д-р Нада мацура од белградската Брза помош.

Професорот Михаило Николиќ од Земјоделскиот факултет во Белград наведе дека промената на времето не би требало негативно да влијае врз посевите.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1