Температури до 40 степени, па дожд- еве какво ќе биде времето до понеделник


Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и ќе дува слаб северен ветер. Утринската температура ќе се движи од девет до 19, а дневната од 30 до 37 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје слично време, сончево и топло со слаба облачност и со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 35 степени.

За време на викендов како и во наредната седмица следува стабилно, сончево и се потопло време со постепен пораст на дневната температура.

Најтопло време се очекува кон средината на следната работна недела кога дневната температура на воздухот ќе достигне до 40 степени.

Во недела и понеделник попладне во западните делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд со грмежи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1