Тенисерката со страшна исповед – нејзиниот татко ја злоставувал: Со часови стоев гола во средината на собата


Поранешната тенисерка Јелена Докиќ во својата автобиографија откри дека нејзиниот татко Дамир ја злоставувал, но и дека мајка и не реагирала.

– За неа тоа беше нормално, зошто и таа беше малтретирана и емотивно и психички, и неа ја тепаше редовно. Никогаш не се мешеше што и да ми правеше тој, кажа Јелена Докиќ.
Тенисерката најмногу го памети ќотекот кој го добила во Торонто откако изгубила од Кончита Мартинез.

– Се дереше по мене и ме прететпа со каиш во купатилото. Ме влечеше за уши, ме плукаше, а потоа ме тераше со часови да стојам гола на средина на хотелската соба. Мојата мајка сето тоа само го набљудуваше, рече Јелена.

“Мајка ми речиси никогаш не се мешаше ниту пробуваше да го спречи. Еднаш само едвај рече “Те молам, престани” на кое тој ѝ одговори да замолчи и да си оди”.

– Таа немаше сопствено мислење, му се потчинуваше, секогаш беше на негова страна. Не смееше за тенисот за зборува со мене и никогаш не ми посакала среќа пред ниту еден меч. Иако мојата мајка редовно беше злоставувана, тоа не беше со таа силина како кон мене. Нејзе ќе и удреше плаканица, но мене ме претепуваше, вели Докиќ.

Таа тврди дека на нејзината мајка и биле важни само парите.

– Еднаш дојде да им ја препишам куќата во Флорида. Нејзиниот израз на лицето ми говореше дека се уште не ја разбрала причината поради кого заминав од семејната куќа. Си ги собра документите, ладна и налутена. Не видов љубов во нејзините очи и тоа навистина болеше, се присетува Јелена Докиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1