Овој инцидент може да предизвика сериозна криза меѓу Москва и една членка на НАТО, а се случува токму во период кога Оладн треба да ја посети Москва и да се реши прашањето дали западот и Русија обединето ќе тргнат во борба протв Исламска држава.
Дипломатски огномет и меѓусебни обвинувања на релација Анкара- Москва, откако денеска војската на Турција од земја урна руски Сухој 24. По барање на Турција, НАТО свика вонредна седница на Советот за безбедност, за да го образложи инцидентот.
„Денеска турската војска имаше акција откако авион влезе во турскиот воздушен простор. Ние никогаш не сме биле земја која има аспирации кон друга земја. Но сите треба да знаат дека Турција има право да одговри ако нејзиниот простор е нарушен“, изјаву турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
Беше јасно дека инцидент од овој тип ќе се случи, откако Русија почна да ги интезивира нападите на Сирија, опасноста на опрацијата беше повеќе од очигледна, пренесува „Би- Би- Си“. Овој инцидент може да предизвика сериозна криза меѓу Москва и една членка на НАТО, а се случува токму во период кога Оладн треба да ја посети Москва и да се реши прашањето дали западот и Русија обединето ќе тргнат во борба протв Исламска држава, пишува „Комерсант“. По денешниот инцидент речиси е извесно дека спротивставените ставови кон сирискиот претседател Асад ќе биде јаболко на раздорот меѓу Русија и Турција. Претседателот Путин обелодени дека руската војска забележала проток на нафта од сириска територија под конторла на џихадистите до Турција.
„Турците ни зарија нож в грб. Овој нивен потег може да се протолкува како соработка со Исламистите. Овој инцидент ќе има сериозни последици во односите меѓу двете земји. Факт е дека Турција не скаше да контактира со нас, туку веднаш свика состанок на НАТО. Ова злосторство нема да помине без одговор“, вели рускиот претседател Владимир Путин.