Тепачка во Аеродром, скопјани се истепале за куче, еден го тепал, друг го бранел


Вчера во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир од страна на С.М.(59), кој удрил куче пред влез на зграда на бул. „АСНОМ“, а при обид да го спречат во намерата понатаму да го повредува кучето, Д.Р. и З.Р. биле вербално и физички нападнати од С.М.

Имено, С.М. на Д.Р. почнал да и се заканува, а потоа го нападнал и З.Р., односно го фатил за јакната и го турнал.

Во еден момент и С.М. и З.Р. паднале на плочникот.

Полициски службеници излегле на лице место.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1