Тепачка во „Деспина“ – избодено едно лице


Утрово околу 05.00 часот во Скопје во угостителскиот објект „Деспина“ се случила тепачка во која едно лице било три пати прободено со остар предмет.

policija nokj tepacka

По претходна расправија помеѓу повредениот Е.А.(1980) од Скопје и дел од обезбедувањето на објектот, непознато лице со остар предмет му нанело три убодни рани во пределот на стомакот.

Од страна на очевидец на настанот Е.А. е пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ од каде е префрлен во Ургентниот центар-Скопје и е задржан на понатамошно лекување.

МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1