Во кафе бар лоциран пред ТЦ Буњаковец утринава околу 4 часот, настанала расправија и физичка пресметка помеѓу Г.К. (41), Г.К. (39) и Д.Т. (37), сите од Скопје, од една страна и неколку други непознати лица, од друга страна.
-Притоа, Г.К. (41) бил прободен со остар предмет во пределот на главата и се здобил со тешка телесна повреда-убодна рана со пробивање на черепот, констатирана во болницата „Систина“ каде што е задржан на понатамошно лекување, информираат од полицијата.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.