На седум квадратни километри територија која се наоѓа меѓу Србија и Хрватска чешкиот државјанин Вид Једличек основаше сопствена држава, Либерланд.
Тој својата држава ја опишува како место со минимално влијание на данокот и регулативите на животот на човекот, со мотото „Живеј и пушти да живеат“.
Државата беше прогласена пред неколку дена, а интересот за државјанство расте секоја секунда. Веќе има дури 250 илјади апликации за државјанство, вели Једличек. Доколку сте заинтересирани и Вие за апликација, можете да го направите тоа ОВДЕ.
МОЖЕ ЛИ ДА ПОСТОИ ОВАА ДРЖАВА?
Порталот Верџ пишува дека Либерланд е чудна либертаријанска творба со минимални до непостоечки структури на власт, чии јавни служби би требало да постојат на стриктно волонтерска основа, што оваа држава ја прави либертаријански рај.
Во конвенцијата од Монтевидео, која ја потпишаа САД во 1933 година, наведени се теории на државноста и поставени се стандарди дека секоја држава мора да има население, територија и политичка власт.
– Сето тоа го имаме, имаме територија, имаме население. Ние се грижиме за своето место на дневна база и подготвени сме да изградиме нова држава тука, истакна Једличек.
Либерланд ја основа 31 годишниот чешки политичар, регионален лидер на партијата Слободни граѓани, која на тамошната јавност и е познат како критичар на Европската унија.
– Целта на основачот на новата држава е да создаде држава каде чесни луѓе можат да живеат без притисок на влада, која нивниот живот може да го направи непријатен со непотребни рестрикции и даноци, се наведува во основачкиот акт на Либерланд.
Според порталот Либерланд не е држава бидејќи хрватската гранична полиција се уште има ингеренции над таа територија, иако Хрватска не ги смета тие седум квадратни километри за свои.