Вистинска мала војна се водела прексиноќа пред штипската болница помеѓу две лиценцирани компании за погребни услуги, едната од Битола, другата од Струмица, пишува Утрински весник.
Конкурентите во бизнисот со мртвите прво се скарале, а потоа се обиделе и физички да се пресметаат околу превозот на мртовец од Пробиштип, кој починал во Клиничката болница во Штип. Актерите на оваа нова штипска драма биле повикани во станицата на штипската полиција каде што морале да ја појаснуваат својата постапка, која вознемирила поголем број луѓе кои во тоа време биле во кругот на болницата.
Бизнисот со погребалните услуги во Штип и во регионот тежи над половина милион евра, а транспорт и подготовка на починати чини и до 500 евра. За транспорт надвор од Штип се плаќа дополнително.
„И двете фирми кои вршат транспорт на починати си имаат свои луѓе во болницата кои за извесен процент им јавуваат кога некој пациент ќе почине. Неретко од болницата кон двете компании протекуваат информации и за пациенти што не се починати, односно се борат за живот, но ’информаторите‘ стручно заклучиле дека им се ближи крајот. А и луѓе од овие фирми често можат да се видат во кругот на болницата“, вели медицинска сестра, која сакаше да остане анонимна.
Целата сторија на – Утрински