Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска ќе ја напушти функцијата, а негово место ќе дојде досегашната министерка за внатрешни работи Тереза Меј, откако на референдумот на 23 јуни Британците го подржаа излегувањето од Европската Унија и со тоа го шокирааа светот.
Камерон денеска ќе ја одржи својата последна седница во Парламентот на која ќе одговара на прашањата на пратениците, по што својата оставка ќе и ја предаде на кралицата Елизабета Втора, во Бакингемската палата, пренесоа француските медиуми.
Според протоколот, кралицата ќе ја повика Тереза Меј да формира влада, а потоа новопоставената премиерка ќе и се обрати на нацијата од пред својата нова резиденција, на Даунинг стрит број 10.