Денеска британската премиерка Тереза Меј најави дека се повлекува од функцијата на 7. јуни.
Меј во 10 часот по локално време им се обрати на насобраните пред нејзината резиденција и најави дека заминува од премиеркста позиција на 7. јуни.
,,Дадов се од себе. Се обидов да договорам најдобри услови, направив се за да ги убадам пратнеиците да го поддржат договорот. За жал, не успеав. Три пати се обидов. Верувам дека беше правилно да се издржи. Но , сега верувам дека е потебно нова личност да се обиде. Ќе поднесам оставка во петок на 7.јуни.” ; рече Тереза Меј.Таа последната реченица ја кажа низ солзи , а за време на кусиот говор се воздржуваше да не се расплаче.