Термички фотографии од шверц на марихуана на границата!


Во оперативната акција „Драгонија“ хрватската полиција во соработка со полицијата од Риека  и словенечката полиција минатата недела заплениле вкупно 24 килограми марихуана.
Дрогата била пронајдена кај двајца курири, на возраст од 49 и 25 години, кои сакале илегално да ја преминат границата и од Хрватска да преминат во Словенија.

Кај постариот човек бил откриен куфер во кој имало 15 пакети со вкупно 13 килограми марихуана, а 25 годишното момче  се обидел границата да ја премине во близина на граничниот премин Пасјак.

Во ранецот на момчето имало 19 пакети со 9,7 килограми марихуана. И двајцата се во притвор, едниот во Риека другиот во Пула. Според тамошните власти стануа збор за сечење на меѓународен канал за шверц на марихуана од Албанија преку Хрватска и Словенија па во Италија, каде еден килограм марихуана се продава по цена од 7000 до 9000 евра.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1