Казна 25 евра ако не возите на велосипедска патека – КОЈА ПАТЕКА??????


 

Најновата одлука која повторно ќе удира по џебот на граѓаните е одлуката на градот Скопје да наплаќа казни од 25 евра ако не возите велосипед на ,,велосипедската патека,, КОЈА ПАТЕКА ????? ги има само на Кеј и на уште некои места во Скопје.

Ако одлучивте да го оставите автомобилот дома поради скапото гориво – џабе ви е – поефтино ќе ви се фати наместо со велосипед – ако ве фатат и ви пишат глоба од 25 евра.

Ако некој од надлежните – освен заедно со амбасадорите еднаш годишно – се провозал низ Скопје ќе знае дека за да се донесе една одлука прво треба да се создадат услови.

Ние ќе прашаме следно – каде да го возиме велосипедот

– во Кисела Вода кај рампа каде да возиме ????

– Зад универзалната сала и потегот кај драгстор Бети – извинете ама тука не видовме велосипедска патека – а види нема ни тротоари – зошто се претворени во паркинзи.

– улицата крај ТЦ Плаза?? – тротоар не постои а камо ли велосипедска патека.

– На Народен Фронт – каде???

– На целиот потег долж улицата кај завод за вработување – каде ????

– на Рекорд????? Меѓу луѓето кои чекаат на автобуска??

– на улица Македонија никако да ја најдеме велосипедската патека исто.

Итн итн итн итн

Согласно законот за безбедност на патишта доколку нема патека, граѓаните треба да возат по крајниот десен раб на улицата. Ајде барем ова нека е утеха. Ги чекаме првите казни да видиме локации каде се напишани.

Важно казни ќе летаат и тоа 25 евра, па уште надлежните ни упатуваат апел – бидете примерни учесници во сообраќајот зошто и полицијата ќе има засилени контроли се со цел да се зголеми безбедноста на пешаците и велосипедистите вклучени во сообраќајот.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1