Терорист подготвувал напади за време на концерти во Франција – фатен е


Едно лице кое било уапсено минатиот месец од страна на Генералната дирекција за внатрешна безбедност (ДГСИ) се верува дека сакал да изврши напади во концертни сали во Франција, откри утрово телевизијата БФМ ТВ.

pariz police

Како што пренесува дописникот на МИА од Париз, лицето е уапсено и обвинето на 15 август, станува збор за Французин кој веќе бил во Сирија во мај минатата година, каде што му било наводно наредено да изврши напад во концертна сала.

За време на неговиот трет ден од притворот лицетот ги признало своите намери, според БФM ТВ. Тој, признал дека ја посетил Сирија во Рака, упориште на Исламската држава во мај 2015 година, место каде што му беше наредено да извршат напад.

Наводно, осомничениот поминал шест дена во Сирија. Ранет во ногата од граната, тој се преселил во Франција преку комплициран пат: Газиантеп – Истанбул – Варшава – Прага – Амстердам и Париз. Тој е непознат за разузнавачки служби, никој не не го забележал неговото враќање.

Еден шпански џихадист уапсен во друга европска земја, кој го дава неговото име при сослушувањето и и дозволува на ДГСИ да го уапси на 11-ти август. Осомничениот се уште немал избрано датуми или местото на нападот. Тој се уште не купил ниту оружје. Но, иследниците веруваат дека неговиот план е доволно сериозен за да го уапсат. Според информациите од Фигаро, во Франција неделно се апси по едно лице за ваков вид на случаи, без притоа фа биде информирана јавноста.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1