Исламската верска заедница не е против законските санкции на припадниците на ИСИЛ од Македонија. Поглаварот на ИВЗ; Сулејман Реџепи тврди дека делот од програмата за ресоцијализација кој се зборува за вработувањето на овие лица се однесува на моментот да се избеднува дискириминација кон нив, откако претходно ќе ги поминат процесите на сакнции и ресоцијализација.
Реџепи вели дека проектот има благородна идеја и со него се прдвидува со овие лица да работат и исламски теолози и во затворите. Такви случаи веќе имало во одредени западноевропски земји, пренесува Сител.
Идеите од овој проект му беа презентирани и на израелскиот амбасадор во Македонија. Двајцата констатирале и подеднакво ги осудиле појавите на радикалниот ислам, но и исламофобијата.
Реџепи и Дан Оријан сметаат дека бријателските врски на Македонија и Израел треба да се негуваат.