Терористички напад во Русија – пукале кон туристи – 1 убиен, 11 се хоспитализирани


Исламисти отвориле оган кон туристи во туристичкото место во руската република Дагестан на Кавказ.

Нападот се случил кога дваесетина туристи ја разгледувале терасата на тврдината, а полицијата на местото на нападот нашла 67 чаури од куршуми од различен калибар. Напаѓачите пукале од блиската шума.tvrdina derbent digestan

„Во пукање во близина на тврдината во Дербент загина 1 лице а 11 се ранети“, изјавила за Франс прес претставничката на локалните власти Татјана Абдулаева и додала дека пет лица се во тешка состојба.

Локалните власти соопштија дека престрелката се случила во текот на ноќта крај ѕидините на тврдината која од 2003 година е дел од светското наследство на Унеско. Претседателот на Дагестан Рамазан Абдулатипов изјави дека напаѓачите се „или локални бандити или екстремисти кои бараат одмазда“.

Дагестан стана жариште на бунтот на исламистите кој тлее на Кавказ по двете војни во соседна Чеченија.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1