Уште едно ѕверство на Исламската држава го згрози светот.
Еден од командантите на злогласната организација се заљубил во 15-годишно момче, кое со месеци го силувал. Кога водачите на џихадистите дознале за ова изживување, донеле нечовечка одлука.
Mомчето го фрлиле од покривот на една зграда на Деир ез-Зора во Сирија, затоа што било „хомосексуалец“, додека командантот, познатиот Абу Заид ал-Џазрави, го пратиле на фронт во северозападен Ирак.
На ужасната егзекуција присуствувале многу луѓе, јави сириската новинска агенција АРА.