СТРАШНА ИСПОВЕД НА НОВИНАРКА: Силувана сум 460 дена, а потоа доживеав нешто неверојатно!


Репортерка од Канада решила со својот колега и тогашно момче да замине за Сомалија и оттаму да известува. Но, само три дена по простигнувањето тие биле киднапирани. За 15 месеци, додека била во заложништво Аманда преживеала секојдневни брутални силувања, претепување и изгладнување.amanda-lindaut-foto-printskrin-1451926677-817667-724x400

Дваесет и четири годишната новинарка во оваа земја преживеала вистински пекол: била киднапирана заедно со своето момче, групно силувана и неколку пати тепана секој ден во текот на 15 месеци. Медиумите пренесуваат дека во текот на овие тортури добила и син.

Линдхаут, која најпрво била келнерка, го убедила своето момче, фотографот Најџел Бренан во 2008 година да заминат на авантура во Сомалија, од каде ќе известуваат за медиумите. Тортурата која ја преживеала, а траела цели 460 дена, оваа новинарка ја опишала во своите мемоари „Куќа на небото“.

Аманда и Најџел се киднапирани во текот на посетата на еден бегалски камп, а за нивниот откуп киднаперите барале три милиони евра. Аманда веднаш ја одвеле во одвоена просторија, каде брутално ја силувале. За тоа време нејзиното момче било беспомошно додека низ тенките ѕидови слушал како е злоставувана неговата девојка. После овој ужасен чин на Линдхаут на главата и’ приклониле цевка од пушка и играле „руски рулет“.

Таа добила сериозна габична инфекција на лицето, а и отпаднале и ноктите на нозете и косата.

Мислејќи дека малтретирањето ќе престане, двајцата новинари преминале во исламот. Меѓутоа, после сто ноќи мачење Аманда ја одвеле во пустината, каде ја натерале да клечи со нож под грлото. Тогаш и’ било речено да ја побара мајка и’ и да побара милион долари за откуп.

„Плачев во прашината како рането животно кое не умее да зборува“ – напишала Линдхаут во својата книга.

Аманда и Најџел набргу одлучиле да побегнат скокајќи низ прозорецот на бањата и врескајќи истрчале до локалната џамија, барајќи помош. Меѓутоа, преплашените жители не можеле да им помогнат поради киднаперите кои вооружени со пушки трчале по нив. Грабнувачите ги фатиле и ги одвеле во друга куќа, во соба без прозорец преполна со глувци. Ги тепале со пиштоли и ги оковале за да немаат никакви шанси да побегнат.

„Има документи дека Аманда родила момче кое се вика Осама додека била во заробеништво, но таа никогаш не зборува за тоа. Само рече дека преживеала ужаси за кои не може да се зборува“ – пренесува Вашингтон Пост.

Најпосле, во ноември 2009 година нивните семејства собрале илјадници долари и ги преколнувале киднаперите да ги земат тие пари и да ги пуштат нивните најмили. После 460 дена пекол, двајцата биле конечно ослободени.

Најџел и Аманда веќе не зборуваат еден со друг.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1