Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва на булеварот Партизански одреди на автобуската станица спроти хотелот Карпош.
Возач кој управувал со автомобил Ауди ТТ изгубил контрола и откако најпрво удрил во такси возило, удрил и во трафиката на автобуската станица при што повредил неколку лица.
Првично е познато дека станува збор за тројца повредени но каква е нивната состојба сеуште не е познато. Полицијата во моментов врши увид.
Фото – Сител