Тешка сообраќајка попладнево во Тетово


Четири лица, две машки и две женски, биле тешко повредени во сообраќајната несреќа што денеска околу 14 часот и 30 минути се случила на улицата „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово.soobrakajka-trkalo500

Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, патничкото возило „Форд ескорд“ со тетовски регистерски таблици од засега неутврдени причини загубило контрола, излетало од коловозот, удрило во дрвен електричен столб (бандера), а потоа и во изложен простор на трговска фирма односно дуќан.

Четворицата повредени по укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница итно биле префрлени на скопските клиники.

По увидот што по овластување го изврила екипа на СВР Тетово поточно ќе се утврдуваат причините за несреќата, кој го управувал возилото и се друго поврзано со истата.

Во несреќата причинета е и значителна материјална штета на возилото и трговскиот изложен простор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1