Нова сообраќајна несреќа со осум повредени лица од кои пет деца се случи вечерва околу 19 часот на патот Гостивар – Србиново – Падавиште. Според портпаролот на СВР Тетово Јосифовски хјундаи акцент што го управувала 33 годишна жителка од Гостивар.
Од СВР Тетово велат дека несреќата се случила околу 19 и 10 часот кога автомобил хјундаи со гостиварски ознаки управувано од 33-годишната М.Н. од Гостивар, од непознати причини изгубило контрола, излетало од коловозот и се превртело во длабока бездна.
Во возилото во кое се наоѓале 8-те лица, со тешки повреди се здобиле 5 лица, додека остантите три минале со полесни повреди.
Поради сериозните повреди, по укажаната помош во гостиварската болница, на скопски клиники е препратена 59-годишна жена од Падалиште, а со тешки повреди се здобила и М.Н.
Меѓу петте деца имало и едно бебе кое е полесно повредено.
Сите повредени лица се хоспитализирани во гостиварската болница. Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата.