На регионалниот пат Охрид- Св.Наум вчера во 15:50 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патнички моторни возила „Хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од шеснаесетгодишник од Охрид, „Фолксваген Бора“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(71) од Битола и паркирана работна машина „Риго“ , паркирана од Ѓ.Ч. од село Мислешево, Струшко.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила седумнаесетгодишна сопатничка во возилото „Фолксваген бора“ од Охрид, која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во болницата Св.Еразмо, по што била препратена за хируршка интервенција во болницата „Систина“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид.