Тешка сообраќајка во Охрид: Малолетник зад волан направи карамбол кај Св. Наум, повредена девојка


На регионалниот пат Охрид- Св.Наум вчера во 15:50 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патнички моторни возила „Хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од шеснаесетгодишник од Охрид, „Фолксваген Бора“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(71) од Битола и паркирана работна машина „Риго“ , паркирана од Ѓ.Ч. од село Мислешево, Струшко.nesrekja soobrakjajka policija pat

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила седумнаесетгодишна сопатничка во возилото „Фолксваген бора“ од Охрид, која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во болницата Св.Еразмо, по што била препратена за хируршка интервенција во болницата „Систина“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1