Тешка сообраќајка се случила вечерва околу 21 часот на излезот од Струмица во близина на селото Дабиле кај бензинската на „Лукоил“, објави Струмицанет. Според сведоци на местото на несреќата, се судриле возило „Опел Астра“ и „Фиат Уно“.
Три лица се со сериозни повреди по телото, меѓу кои и една бремена жена со повреди на главата, за која во нејзиното извлекување учествувала екипа на Противпожарната единица во Струмица.
Според информациите, сите се пренесени на Хируршкото одделение во Струмичката болница и се надвор од животна опасност. Полицијата ги утврдува причините за сообраќајната незгода.