Делови од Сарај, Центар и Чаир денес без струја


Дел од корисниците од село Долно Свиларе во општина Сарај од 9:30 до 14 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.skapa struja sijalici

Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Кеј 13 Ноември“, сплав 5 – брод до МЕПСО, и градилиштето на Бетон за панорамското тркало, во општина Центар, а од 9 до14:30 часот повремени прекини во напојувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од Дуќанџик во општина Чаир.

Од 13 до 15 часот без струја ќе бидат и корисниците на Управен суд на РМ и седиштето на ОНЕ-ВИП во општина Центар.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во електро – системот од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1