Тешка сообраќајка во Велес- 6 годишно дете се бори за живот


Попладнево околу 15,30 часот автомобил излета од патот  кај Спомен Костурницата и падна на новоизградениот кружен тек.  Автомобилот летнал во  височина од десетина метри колку  што е разликата помеѓу  патот каде возел и таму каде слетал. Автомобилот е безмалку искршен. Повредени се четири лица во автомобил комби  фолксваген шаран . Според дежурниот доктор   од Општата Болница во Велес едно од лицата е итно пренесено во Ургентен во Скопје, објави порталот tirekovmirece.com

krsh_thumb_medium500_333

– Околу 16 часот кај нас беа донесени четири пациенти , едното  е на возраст од 6 до 7 години, останатите три од 18 до 20.  Детето е со повреди на глава со сериозни повреди и пренесено во Скопје додека трите  првично не се животно загрозени, некои имаат скршеници  а за други ги чекаме резултатите  – изјави за порталот д-р Љупчо Леов дежурен доктор во велешката Болница.

Таму беа блиски на повредените, кои раскажаа дека  младите штотуку излегле   да се повозат со колата и се случила несреќата. Двете лица биле браќа, детето со уште едно момче а другите двајца соседи и другари. Сведоци на настанот се неколку дечиња на десетгодишна возраст  кои играле на платото пред Костурницата.

– Колата доаѓаше кон населбата и возеше брзо. Наеднаш како да  се лизна на земја и песок што ја има на патот, почна да оди кон провалијата и излета. Падна долу на  патот. Едно од момчињата излета додека колата се лизгаше и беше на тревата, имаше едно мало дете во неа. Возачот едвај го извадија од колата, која беше смачкана – велат децата сведоци.

На местото на настанот беше увидна екипа на СВР Велес. од таму најавија повеќе информации за подоцна во текот на денот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1