Сообраќајка кај Велес: ФОТО: 17 год ученик го управувал автомобилот, “слетал“ од 30 метри висина!


Возило со марка „фолксваген“ излетало од улицата пред спомен – костурницата на кружниот тек на влезот во Велес.

Неофицијално се работи за 17-годишник  кој управувал со автомобил во кој биле четири лица и после губењето на контролата над возилото излетал од патот и буквално „слетал“ од 30 метри висина подолу на кружниот тек на влезот од Велес, објави порталот Фактор.sletal_thumb_medium500_281

Седум годишно дете е најмногу повредено и префрлено на скопските клиники додека тројца останати се префрлени во велешката болница.

Го очекуваме деталниот извештај на полициската екипа која прави увид на местото на настанот.

Имено сведоци на оваа несекојдневна незгода биле неколку деца.krsh_thumb_medium500_333

Ова место одсекогаш било сметано за опасно бидејќи  нема заштитна ограда, а после оваа прва се надеваме и последна ваква незгода некој ќе се сети дека треба да се заштити ова фрекфентно место.

ФОТО: brzkrug.com

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1