ТЕШКА СООБРАЌАЈКА: Загина кичевец, со велосипед сакал да премине регионален пат


Едно лице го загуби животот по тешката сообраќајна незгода што денес во 11 часот и 20 минути се случи на пресекот на регионалниот пат Кичево-Македонски брод со улицата „Маршал Тито“.

Од здобиените повреди, во општата болница во Кичево почина Насуф Н. (74) од Кичево кој по регионалниот пат управувал велосипед движејќи се кон Кичево.soobrakjajka

-Сообраќајната незгода се случила кога сега починатиот управувајќи го велосипедот се обидел да го премине коловозот од регионалниот пат при што дошло до удар врз велосипедот од патничко моторно возило марка „Цитроен Берлинго“ со кичевски регистарски ознаки кое се движело од Македонски брод кон Кичево. Ударот се случил на левата коловозна лента со предниот лев дел од патничкото возило врз средниот дел од велосипедот, информираат од СВР Охрид.

Со тешки телесни повреди, Насуф Н. со возило на брзата помош бил пренесен во општата болница во Кичево каде по кратко време им подлегнал на повредите.

На лице место извршен е увид во присуство на јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица во Кичево. За време на увидот, сообраќајот на регионалниот пат не беше во застој односно се вршеше наизменично пропуштање на моторните возила.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1