Поради сообраќајна незгода кај местото Колибари пред Кичево, сообраќајот на патниот правец Гостивар-Кичево се одвива наизменично по една коловозна лента во двата правци.
Од Секторот за внатрешни работи – Охрид потврдија дека во сообраќајката учествувале четири возила.
Полицијата врши увид на местото на несреќата.
Поради тоа движењето на возилата на оваа делница е делумно забавено, соопшти АМСМ.
Засега нема детали за сообраќајката, ниту дали има повредени или жртви.