Тешката судбина на славниот актер: Сестра му ја силувале и убиле, а татко му го застрелале


Келси Грамер (62) светот го освои со улогата на психијатарот Фрејзер Креј во сериите „Фрејзер“ и „Кафулето „На здравје““. Познатото ТВ-лице нè засмејува со години, а малкумина од нас се запознаени со неговата тешка животна приказна. Преживеал огромни трагедии, а успеал на животот да гледа со насмевка.kejt-vols-i-kelsi-gramer-1478510889-100771

Неговите родители се развеле кога имал само две години. Неговата мајка Сали, синот Келси и ќерката Карен, по разводот ги однела кај таткото, кај кого останале сè до неговата смрт.

Таткото на Келси, Френк Грамер, бил сопственик на ресторан. Една ноќ, Артур Нилс го запалил автомобилот на Френк, а во тој момент во куќата било целото семејство – неговата нова сопруга Елизабета и нивните четири деца. Кога Френк излегол надвор да види што се случува, Артур го застрелал. Келси тогаш имал само 13 години. Артур Нилс завршил во лудница.

Седум години подоцна, кога Келси имал 20 година, неговата помлада 18-годишна сестра ја силувале четири мажи, а потоа ја убил Фреди Ли Глен, кој бил сериски убиец.

– Бев нејзин постар брат. Требаш да ја заштитам, но не можев. Тоа сосема ме уништи. Знам дека таа вина не е рационална, но тоа е многу тешко да се објасни – рекол Келси.

Како да не било сето тоа доволно, во 1980 година, полубраќата на Келси, Стивен и Били умреле во бизарен инцидент. Били бил нападнат од ајкула, а Стивен се обидувал да го спаси, пришто загинал. Телото на Били никогаш не било пронајдено, а Стивен го нашле мртов на брегот.

Иако успешно изградил телевизиска кариера, мрачните настани во неговиот живот оставиле на Келси тешки последици. Со смртта на сестрата никогаш не се помирил, како ниту со чувството на вина. Со години одел на сеанси за, како што рекол, да разговара со мртвите. Келси открил дека зборува со својата почината сестра. Поради сè што му се случило, Келси верува дека на неговото семејство е фрлена клетва којашто ги следи веќе со генерации.

Келси пред дваесетина година се оддал на алкохолот и дрогата, поради што одел на лекување и во текот на снимањето на серијата „Фрејзер“. Но, соработниците на актерот тврдат дека Келси никогаш не дозволил поради зависностите да страдаат глумата или продукцијата.

Келси Грамер во животот се женел четири пати. Неговата втора сопруга, бивша стриптизета, била многу агресивна, а почнала да го тепа од моментот кога се запознале во барот во којшто таа работела. На денот на нивната венчавка, Келси имал модринка на окото. Сега е во брак со 25 години помладата Кејт Волш. Двојката во моментот го очекува третото дете.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1