ТЕШКО НА ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА: Се менуваат граничните процедури, ќе има долго чекање на граница!


Европските граѓани кои патуваат во и од трети земји сега се предмет на истите проверки како и државјаните на трети земји. Ваквата одлука на унијата почна да се применува од петокот.

Врз основа на истата на границите помеѓу земјите членки на на шенгенскиот простор важат новите шенгенски правила за контола на патниците поради заштита од тероризам, пишува Вечер.bogorodica1

За разлика од досегашната практита кога беше доволно службениците на граничната полиција да извршат само основна контола на патниците со проверка на нивните патни документи, сега документите освен што ќе се проверуваат во шенгенскиот систем на информации ќе подлежат и на детална контрола во базата на податоци на украдени и изгубени патни документи на Интерпол.

Примената на новите правила засега не предизвика некои застои и проблеми на граничните помеѓу Македонија и земјите членки на унијата. За време на изминатиот викенд состојбата на граничните премини особено со Грција каде вообичаено има зголемена фрекфенција била вообичаена, патниците кои влегле во нашата држава не се пожалиле на поголеми застои и чекања на грчката граница поради новите правила, но не е исклучена можноста тоа да се случи за време на претстојниот празничен викенд кога поради Велигденските празници фрекфенцијата ќе биде значително зголемена.

За разлика од граничните премини со Македонија, новата мерка на унијата предизвикала сериозни проблеми во Грција.

Според пишувањата на тамошните медиуми новиот режим на контола предизвикал доцнење на летовите на аеродромот Венизелос, но и на грачните премини со Бугарија и Албанија.

Грчките медиуми го пренесуваат и ставот на здружението на полициските службеници кои информирале дека тие не се во состојба да одговорат на новите стандарди бидејќи немало претходна подготовка за да се избегнат евентуалните проблеми.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1