Тешко на пушачите: И полицајци ќе казнуваат за пушење на погрешно место?!


Со измените на Законот за пушење aко досега условно 5.000 инспектори пишуваа казни за пушење, сега со овие измени што ги предлагате на Законот за пушење тоа ќе го прават 50.000, оти сега секој инспектор ќе може секаде да врши контрола дали се почитува законот за пушење, а дополнително тоа ќе го прават и даночните инспектори и униформираните лица во МВР. Тие ќе ги демнат граѓаните на секој чекор, на улица или во простории, ќе пишуваат казни само за да го полнат буџетот, рече во својата дискусија пратеничката на СДСМ Станка Анастасовска, по предлог измените на Законот за пушење во собраниската комисија за здравство, пишува Плус Инфо.

Pušenje-na-radnom-mestu

– Полицаец без лиценца и инспекторска стручност сега треба да врши  инспекциски надзор. Каде го има тоа? Тој на самото место треба да го казни со 150 до 300 евра секој што ќе го најде да пуши и уште да му изрече мандатна казна од 100 евра. А дали ќе напише и извештај за инспекциски надзор? Секако не, оти тој нема лиценца за тоа и нема стручност – рече Пратеничката Весна Бендевска од СДСМ.

Пратениците од СДСМ побараа Министерството за здравство кое ги предложи измените да ги повлече за да не се носи закон кој е на штета на граѓаните.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1