Тешко повредено 4 годишно дете, прегазено од трактор кој го управувал дедо му


Четиригодишно дете се здобило со тешки повреди по телото откако паднало и било прегазено од трактор, што го управувал дедото. По укажаната помош во гостиварската, болница, итно е пренесено на скопските клиники.traktor

Според СВР Тетово, несреќата се случила вчера попладне на нива во месноста „Дунаиште“ кога Р.А. (60) со трактор вршел земјоделски работи. Детето било качено на тракторот што се движел и во еден момент паднало, по што било нагмечено со едно од тркалата.

Родителите на детето го пренеле во гостиварската болница, од каде заради серизноста на повредите е препратено во Ургентниот центар во Скопје.

Полицијата извршила увид на местото на настанот и се преземаат активности за целосно расветлуавње на околностите кои доволе до несреќата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1