Тестаментот на Есма оспорен – роднините ќе си го бараат својот дел?


Кралицата на ромската музика во отворениот тестамент истакнува дека својата куќа во која е сместен Музејот и Домот на хуманоста и уметноста „Стево и Есма Теодосиевски“ ги остава на државата Македонија, објави Ало.рс.

Блиските роднини не веруваат дека Есма би ги оставила на цедило оние на кои секогаш им помагала.esma44

-Бев многу блиска со Есма, поради што си зедов право да реагирам. Есма има многу внуци од своите сестри и браќа, на кои цел живот им помагаше и се гржеше за нив. Тие најмија адвокати и се борат за своите права. Ккао нејзини блиски крвни сродници, мислам дека на нив им припаѓа куќата и не верувам дека Есма се и поклонила на државата. А што се однесува до авторските права, слободно можам да речам дека ги заслужува и Симеон Атанасов, кој беше крај Есма во текот на нејзините концерти и настапи. Ја постојано бев покрај неа и знам дека не би го напуштила своето семејство. Ако некој мисли дека она што го зборувам не е вистина, јас можам да одам на суд и да кажам многу работи, зошто знам многу за Есма, вели нејзината пријателка Васка Јанковска.

Аднан Реџепов, внук од брат на Есма, кој живее во Германија потврди дека семејството ќе си ги бара своите права. И менаџерскиот тим на Есма, Весна Ѓорѓиевска и Симеон Атанасов потврдија дека постои проблем меѓу семејството на Есма и хуманитарното здружение околу нејзиното наследство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1