Тетка го пронашла внукот мртов во својот стан


Д.Ц. (46) е пронајден мртов вчера претпладне околу 10 часот во стан на булеварот „Видое Смилески Бато“ во Скопје, соопшти МВР.lenta policija telo

Смртта ја констатирала екипа на Брза помош што претходно ја повикала тетката на починатиот, Љ.К. (72). Таа, како што изјавила во разговор со полицијата, забележала дека Д.Ц. не се буди иако му ѕвонел алармот на мобилниот телефон. Притоа забележала дека не дава знаци на живот.

За настанот известен бил и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на семејството за погреб.

Д.Ц. пред две недели дошол да престојува кај тетката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1