„Купи куќа за над 36 години“ – нов проект во програмата на ВМРО-ДПМНЕ


Куќа за над 36 години, со кој лицата со наполнети 36 години и над 36 години може да добијат субвенции на месечната рата за изградба на куќа во период од 10 години, од кои во првите 7 години Владата ќе субвенционира 65% од месечната рата, главница и камата, а во следните 3 години 35% од ратата со првиот модел, или пак субвенција во висина од 100% од учеството од висината на кредитот со вториот модел. Ова е нов проект кој е предвиден но новата програма на ВМРо-ДПМНЕ, 2017- 2020kupi-kukja

-За изградба или купување на нова куќа или надградба или доградба на постоечка куќа покрај продолжувањето на проектот Купи куќа за млади до 35 години, кој ќе продолжи во целиот четири годишен мандат и со кој ќе даваме субвенции на месечната рата во висина од 80% во првите 8 години и 50% од ратата во следните 3 години; или пак субвенција во висина од 100% од учеството од висината на кредитот, во новата програма предвидуваме уште еден, сличен на овој, а тоа е проектот Куќа за над 36 години, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола груевски на промоцијата на новата програма на владејачката партија.

Груевски рече дека со овој нов проект, лицата со наполнети 36 години и над 36 години може да добијат субвенции на месечната рата за изградба на куќа во период од 10 години, од кои во првите 7 години Владата ќе субвенционира 65% од месечната рата, главница и камата, а во следните 3 години 35% од ратата со првиот модел или пак субвенција во висина од 100% од учеството од висината на кредитот со вториот модел.

-Значи некои граѓани немаат пари за учество, а после тоа може да се снајдат за отплата на рати, за нив 100 отсто од учеството. Други пак граѓани, имаат пари за учество, но не можат да ги издржат ратите, за нив субвенцијата е во ратите. Секој ќе си го избере моделот што е подобар за него, рече Груевски.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1