Груевски: Граѓаните ќе гласаат за суверена и самостојна Македонија, а не за двојазичност и кантонизација


Граѓаните ан 11-ти декември ќе гласаат за суверенистичката и унитаристичката политичка опција во Македонија, а не за бинационална држава, поделена и редефинирана, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на промоцијата на новата програма на владејачката партија.gruevski-profilna-640x360

-Тоа што Заев го говори насекаде дека ќе ја променел од корен државата, воведувајќи албански јазик како втор службен јазик на целата територија, швајцарски модел што нели подразбира кантонизација, со евентуална промена на името и со ред други работи само го докажува она што јас го тврдев уште од почетокот на политичката криза во државата. Она што некои на момент го гледаа со скепса и двоумење мислејќи дека е само политичко дефокусирање, сега е очигледнно и јасно на секого. Она што натера еден број на луѓе да се посомневаат во нашата работа и фрли дамка на нашите личности претставувајќи не во нешто што не сме. Тоа е токму она што веќе е јасно како бел ден. Разврската односно целта на целата криза во која не втурна опозицијата пред точно две години, а со помош на разни разузнавачко криминогени структури од земјава и надвор, рече Груевски.

Тој рече дека сака да потсети на неговитеизјави дека крајната цел е дестабилизација на државата, закрвување на Македонците и на граѓаните во Македонија и редефиинирање на државата, воведување двојазичност на целата територија и промена на името.

-Тоа го говорев во моите настапи во текот на 2015-та и во текот на оваа година. Сега е јасно на сите дека целото сценарио кое започна пред двеипол години завршува токму со официјализирање на политиката за која се залага Заев кој е главен инструмент во ова сценарио. 11-ти декември е ден кога граѓаните референдумски ќе излезаат и ќе гласаат против ова сценарио, против оние кои сакаат да ја разнебитат државата, односно ќе гласаат за суверена и самостојна Македонија држава на македонскиот народ и останатите граѓани кои живеат во нејзе, албанци, турци, срби, роми, власи и останати, но не и за бинационална држава, поделена и редефинирана како што некој тоа го сака, ќе гласаат за суверенистичката и унитаристичката политичка опција во Македонија, порача Груевски.

Тој нагласи дека 11-ти декември е клучен ден за заговарачите на ова сценарио кое две години ја турка Македонија во хаос и поделби, и затоа е важен секој глас и важен е одговорот кој нашиот народ ќе им го даде на сите дека е достоинствен и горд народ кој си ја сака сопствената држава и никој не смее да го потценува.

-Мојот личен одговор каков и да е неспоредлив е со одговорот кој убедливото мнозинство на граѓани ќе го дадат на 11-ти декември. Тоа ќе биде вистинскиот одговор, тоа ќе биде ударот кој ќе ги разнебити оние кои сакаат да ја разнебитат државата, нашата држава Република Македонија. Но, ние гласот на изборите на 11-ти декември не го бараме само затоа што опозицијата заговара вакво сценарио на поделби и унаказување на државата, туку и заради нешто друго кое се однесува токму на она за што пријателот во разговорот ме прекори дека премногу го акцентира. Тоа е нашата програма, која е убедливо најобемната и најдобра досега, која во себе содржи над 500 страници на проекти и прецизни рокови, буџети и очекувани резултати, рече Груевски.

За илустрација, нагласи тој, ветувањата на СДСМ се толку нереални и неиздржани што самите не знаат ни што да напишат повеќе и нивната програма се сведува на памфлет од 20-тина страници кој во себе нема ништо освен голи фрази, лажни ветувања и никаков одговор како и во кој рок ќе се завршат ветените проекти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1