Тетовец се соблекол за време на видео разговор, клипот се појави на ЈуТјуб


Дваесет и шестгодишниот тетовец М.О, завчеравечер околу 22 часот и 30 минути пријавил уцена од непознато лице, со кое нецел час пред тоа, на една од социјалните мрежи разговарале на англиски јазик и користеле камери.youtube

-Непознатото, наводно женско лице, откако целосно се соблекло пред камера побарало и М.О. да се соблече пред неговата камера, а набрзо потоа му рекло дека неговиот видео-клип ќе го објави на „Јутјуб“ доколку ме му исплати 500 американски долари, информираат од СВР Тетово.

Откако М.О. не се согласил со тоа, со образложение дека моментно нема толку пари, за кусо време клипот веќе бил поставен на „Јутјуб“.

Полицијата превзема мерки и активности за расветлување на пријавеното и за откривање на уценувачот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1