Вчера околу 16 часот во село Доброште-Тетово, во дворот од сопствената куќа И.М.(59) пукал со ловечка пушка „МП-153“ кал.12мм, која ја поседувал со дозвола, кон мачка која била во близина на ѕидот од соседниот двор.
Тој ја погодил соседката И.Х.(52), во пределот на левата надколеница.
Повредената е пренесена во Клиничката болница во Тетово.
Увид на лице место извршило Јавното обвинитество и екипа од СВР-Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.